Средбата се одржа на 13 Јуни 2014 година во просториите на ресторанот Барок Сера во Гостивар, каде што беа присутни компаниите од гостиварскиот регион, членки на СКСЗМ, но исто така и оние кои изразија подготвеност за членство.
Состанокот го отвори извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи кој ја истакна важноста на нашите членови, со чија помош СКСЗМ стана релевантен и влијателен фактор во Република Македонија и во регионот, истотака беа презантирани и резултатите за 2013 и плановите за 2014 година на СКСЗМ.
Се дискутираше и за различни проблеми со кои се соочуваат нашите компании за време на нивниот бизнис. Директорот на СКСЗМ, информираше за работата, достигнувања и понатамошните планови на комората, додавајќи дека СКСЗМ е рамноправен партнер на стопански комори во Македонија и во странство.
