Инфо сесија – Претставување на новата ИПАРД програма

15.06.2023 година, Скопје – Денеска во просторите на СКСЗМ се одржа инфо сесија за презентација на Новата програма на ИПАРД на која членовите на СКСЗМ имаа можност детално да се информираат за програмата.
Целта на ИПАРД Програмата е да се подобри земјоделската инфраструктура во земјите-членки на ЕУ, да се поддржи модернизацијата на земјоделските фарми, да се промовира еколошката одржливост и да се зголеми вработеноста во руралните области.
Во рамките на оваа програма се поддржани голем број различни активности, како што се подобрување на земјоделските површини, инвестиции во земјоделска опрема и технологија, развој на трговијата и бизнисот, зголемување на квалитетот на земјоделските производи и преработувачки капацитети, развој на земјоделското производство и промоција на иновациите во оваа гранка.
Стопанската Комора на Северо западна Македонија, како и секогаш, е во служба на бизнис секторот, се со цел да ги заштити интересите на своите членови.