Инфо Сесија – Инструмент за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации
18 Aприл 2019 – Фондацијата за поддршка на претпријатија – ЕСА Тетово и Стопанската Комора на Северо-Западна Македoнија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, организираа презентација поврзана со Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации пред компаните од северозападниот регион и членки на СКСЗМ. На претставниците на компаните им се обратија министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.
Министерот Бектеши нагласи дека малите и средните претпријатија се двигатели на инклузивниот економски раст во Република Северна Македонија и во создавањето на продуктивни и одржливи работни места.
„Со ваквата поддршка сакаме да ја подигнеме конкурентноста на малите и средни компании, за да можат да соработуваат со други компании од земјата и надвор од неа, односно да бидат извозно ориентирани. Крајна цел на целиот тој процес е развој на општеството. Развојот на МСП долгорочно гледано води кон јакнење на целокупната економија,“ рече министерот Бектеши.
Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски нагласи дека ФИТР ќе продолжи на домашните компании да им обезбедува користење на бесплатна советодавна подршка и техничка помош.
„Фондот е отворена државна институција. Настојуваме целосно да ги доближиме програмите, можностите и критериумите до сите компании, во сите региони. Започнавме процес на децентрализиран пристап до информации, советодавни услуги и техничка помош. Тетово е еден од трите први урбани центри кои учествуваат во овој процес. Фактот што во овие три недели од објавувањето на повикот имаме околу 1000 презмени апликациски пакети ни е само мотив повеќе да продолжиме да работиме и понатаму со исто темпо. Тоа истовремено е и знак на доверба на компаниите во иниституцијата и начинот на којшто работиме.“ – изјави Деспотовски
Вкупната вредност на предвидените средства за овој инструмент е 5.000.000 евра, од кои 3.000.000 евра обезбедува државата, додека 2.000.000 обезбедува Светската банка.
Проектите кои се подржани со овој инструмент се: истражувачки и развојни активности, активности за тестирање, активности за заштита на интелектуална сопственост, проекти, развој на пилот-линија, активности за обезбедување квалитет, маркетинг и продажба.
Повикот за аплицирање во овој проект е од 30.03.2019 до 15.05.2019 година. Владата ги потикнува сите што ги исполнуваат условите предвидени да аплицираат за развој на економијата на земјата во целина.
Comments are closed.