Инфосесија по однос на примената на Новиот закон за Управување со пакување и отпад од пакување
22.10.2021, Скопје – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување АЛПАК- ЕКО, денеска организираа инфосесија, каде се презентираа Новиот закон за Управување со пакување и отпад од пакување и Новиот Закон за управување со дополнителни текови на отпад , кои ќе се применат од 01.01.2022 година.
Новините на законите ги презентираше г. Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање просторот и г. Фатмир Ејуб, директор на АлпакЕко, каде компаниите членки на Комората имаа можност да ги постават своите прашања и дилеми во врска со закононите.
Стопанска комора на Северо-Западна Македонија е секогаш во функција на заштита на интересите на нејзините членки, и имајќи превид дека предметните закони предвидуваат многу обврски за компаниите, СКСЗМ ги извести членките со новините од истите, со цел да бидат подготвени и да ги почитуваат обврските кои произлегуваат од правниот систем во државата.