Информативна средба со компании од Тетово за даночна и царинска политика

Проектот УСАИД – Партнерството за подобра бизнис регулатива, одржува серија на информативни настани со цел да се презентираат постоечките прописи и законски барања кои влијаат на малите и средните претпријатија (МСП).

Помеѓу 22 Март и 7 јуни проектот ќе организира 18 инфо сесии во земјата, со фокус на регионите надвор од Скопје, каде сите планирани региони во земјата ќе бидат опфатени, а во вкупниот планиран број од 11 градови спаѓаат: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје. Темите кои ќе се дискутираат на овие настани вклучуваат даноци и царина, законот за животна средина, работните односи, како и безбедноста и  законот за здравство. Овие сесии ќе бидат водени од истакнати стручњаци во своите  полиња, и ќе поттикнуваат дискусија.

Овие сесии, исто така имаат за цел да соберат вредни информации, кои ги вклучуваат најголемите и најтешките прашања со кои се справуваат средните и малите претпријатија. Собраните податоци ќе бидат користени во развојот на проектните активности “вклопување-за-целта” за подобрување на јавно-приватниот дијалог во текот на животниот век на проектот

Првата информациска сесија се одржа на 22 Март во Велес, а денес во Тетово се одржа втората сесија. Темите опфатени на овој настан се правата и обврските кои произлегуваат од даночната и царинската постапка.

Партнери за имплементација на УСАИД за овој проект се: ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската Комора за ИКТ – МАСИТ, и Стопанската комора на северозападна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Владата на САД, со цел да се поддржи економскиот раст преку ублажување на притисокот врз малите и средни претпријатија нанесен од честата промена на законската регулатива.