Информативна сесија за идниот развој на туризмот и угостителството во регионот
16 мај 2018 – Стопанска комора на Северо-западна Македонија, по вчерашната презентација во Скопје, денеска во Охрид организираше информативна сесија на истата тема “Потребата од промена на развојната програма во областа на класификација и стандардизација во туризмот и угостителството”.
Презентацијата имаше за цел да ги информира сите микро, мали и средни претпријатија кои се занимаваат со туризмот и хотелските активности и се соочуваат со потешкотии во спроведувањето на законите за полесно спроведување на овие регулативи преку јакнење на јавниот- приватен дијалог.
Тие имаа можност да разговараат за прашања кои се важни за нивната работа, предлагајќи најсоодветни решенија за идниот развој на туризмот и угостителството во регион.
Со оглед на фактот дека туризмот е трета по големина извозна гранка во нашата земја и ние треба да го искористиме овој тренд, учесниците се обидаа да најдат начин за иницирање на конкретни решенија за финализирање на предложените законски измени и дополнување на одредени законски акти со што ќе се регулира детално спроведувањето на законодавството и со тоа ќе се обезбеди долгорочен развој на туризмот во земјата.
Сите активности на проектот се извршуваат од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите главни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатичка и комуникациска технологиа – МАСИТ, Стопанска комора на Северо-западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на проектот, коморите ќе ги зајакнат нивните капацитети за подобро претставување на микро, мали и средни претпријатија.