Информативен состанок со кандидатите на ДУИ
На овој состанок беа присутни кандидатите за градоначалници, министерот за економија Ваљон Сараќини, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, како и членовите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.
Пред состанокот, претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија г-дин. Мендерес Кучи, министерот за економија г-дин Ваљон Сараќини и градоначалникот на општина Чаир г-дин Изет Меџити, дадоа изјави за медиумите.
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Мендерес Кучи изјави дека активностите од овој тип, се организирани со албанските политички партии, не затоа што вратите се затворени за другите, туку затоа што тие сами беа заинтересирани да се организира ваков состанок, каде ќе ги презантираат своите економски програми секоја политичка партија одделно.
“Како и во минатото, каде што повеќето од барањата на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија се реализираа од наша страна и истите се инкорпорирани во владината програма, истото го правиме и сега за локалните избори, каде што сите кандидати за градоначалници ќе ја презентираат својата програма до електоратот”, рече министерот за економија, Ваљон Сараќини.
“ДУИ, може слободно да се каже, дека е единствена албанска партија која се претстави со конкретна програма, каде што можете да најдете околу 6000 проекти. Проекти кои имаат одреден буџет и временска рамка во која треба да се реализираат “, рече Валон Сараќини.
Според вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, ДУИ досега целосно ја има реализирано претходната економската програма, додека за следната програма најави серија на проекти кои се започнати и се во тек.
На крајот, кандидатите за градоначалници ги презентираа своите програми и она што тие планираат да го постигнат ако добијат мандат во наредните локални избори. Што се однесува до општина Чаир, според Изет Меџити, актуелниот градоначалник на општина Чаир, планираат и работат сериозно на тоа општина Чаир да биде првата општина во Скопје, која ќе го почне процесот на гасификација, и директно да му помогне на семејниот буџет на граѓаните, но и на целокупниот деловен буџет.
Comments are closed.