Информативен состанок со кандидатите на НДП

  На средбата беа присутни компаниите членки на СКСЗМ, кои имаа можност да се запознаат со економската програма презентирана од страна на претставниците на НДП, Руфи Османи и Изет Зеќири, како и од страна на кандидатите за градоначалници на Куманово, Липково, Чаир, Арачиново, Желино и Теарце.
    Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г-дин Мендерес Кучи изјави дека СКСЗМ е задоволна од партнерските односи помеѓу албанските бизниси и албанските политичари, и тој се надева дека вака ќе продолжи и во иднина.
    “Денеска пред нас ќе ја презантираат својата економска програма, како тие гледаат на патот на развојот на нивните региони и општини, се разбира во соработка со нашата стопанска комора, односно со бизнисите кои оперираат во овие региони. Претходно имавме потпишан меморандум за соработка, имено економска платформа врз основа на која ја развиваме нашата соработка, со цел да се операционализира. Најдобар начин за негова операционализација е локалната власт”, изјави Мендерес Кучи, претседател на СКСЗМ.
    Руфи Османи ги претстави сите негови постигнувања како градоначалник што ги има направено досега во Гостивар, истакнувајќи дека по напорната работа и посветеноста, заедно со неговите соработници успеал да го отплати долгот од 6.000.000 €, и да отвори нови перспективи за Гостивар.
  Кандидатот за градоначалник на Тетово, г-дин. Изет Зеќири, е со мислење дека Тетово е потонато во длабока економска криза, со висока стапка на невработеност и без развој на идни проекти, а меѓу другите ги спомена и непристапот и  помошта од централната власт за Тетово, како еден од најголемите градови во Македонија. Зеќири со посебен акцент го спомена и прашањето на вода за пиење и водоснабдувањето за Тетово, проект кој што сеуште не е довршен.

Comments are closed.