Информативен состанок во Струга – Заштита на трговските марки на продуктите од ПГС

Основната идеја зад овој проект е да се подигне свеста на компаниите од регионот за потребата од индустриска сопственост како можност да се спротивстави на безмилосната глобална конкуренција. Оваа акција има две цели: прво да се подигне свеста на компаниите за потребата од индустриска сопственост во нивната долгорочна работа и втората заштита на производите со сертификат на  трговска марка со географски назив од областа што ја карактеризира производот со квалитет и карактеристики релевантни на географската област. Овие две цели се тесно поврзани со општата и специфичната цел на Програмата за економски развој на прекуграничниот регион преку промоција и брендирање на услугите и производите од регионот.

Во рамки на овој проект се одржа и ова активност, односно овој информативен состанок со стопансвеници, студенти, ученици и граѓани на Струга или поинаку кажано опфатени беа сите кој се всушност и таргет групи на проектот. 

Средбата ја отвори Координаторот на Проектот, Мируше Џеладини, со презентација на општата цел, таргет групите на овој проект, важноста и очекуваните резултати со завршување на проектот. 

Презентација одржа и претставникот на Државниот завод за индустриска сопственост, г-дин.Али Асани, кој ја елеборираше детално улогата на Институцијата која ја претставува, задачите и должностите итн. Тој истотака, ги спомена светските практики во ова насока, Македонија како држава до каде е овој процес и што се е потребно да се направи со цел да бидеме поконкурентни во Глобалниот Пазар.

Во продолжение експертот за трговски марки, г-ѓа. Дрита Калиси, се фокусираше на трговските марки и патенти, со што ги информираше присутните за деталните процедури, чекорите за апликација, кои се марки и патенти постојат и на практичен начин ги презентираше истите. 

На крај присутните имаа можноста да постават директни прашања до експертот, координаторот на пројектот и претставникот на Државниот Завод за индустриска сопственост, со што и двете страни оценија дека ваквите средби се корисни за сите. 

Comments are closed.