Информативен панел со ЕБОР

СКСЗМ во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој организираа информативен панел на тема “Програма за поддршка на конкурентноста на МСП”, во Република Северна Македонија.

Програмата за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија има за цел преку специфични инвестиции поддржани со грант да ја зголеми конкурентноста и трговијата, како во регионот, така и во земјите на ЕУ. Програмата ги комбинира пристапот до финансии, поддршка со грантови и со бесплатна техничка поддршка за зајакнување на знаењата кај МСП.

СКСЗМ секогаш е посветена на подобар пристап до финансии за компаниите. Ова ги вклучува активностите за намалување на каматните стапки за бизнисите, обезбедување владини субвенции за инвестициски кредити.