Home / Имплементирање на ХАЛАЛ Стандардот

Имплементирање на ХАЛАЛ Стандардот

  Министерство за економија на ден 28 Февруари 2014 година организираше средба со стопанственици за имплементирање на ХАЛАЛ стандард, со цел да се презентираат можностите и значењето од воведувањето на споменатиот стандард во работењето на претпријатијата, процесот на сертифицирање, како и можностите и начинот на аплицирање за субвенционирање  на трошоците за негово воведување и сертифицирање од страна на Министерството за економија.

   Средбата е со цел истотака да се подигне свеста на ХАЛАЛ системот, во насока на подобрување на нивната конкурентност.

  Воведно обраќање пред присутните имаше и министерот за економија г-дин Ваљон Сараќини, претседателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи кој ги покано сите членки на СКСЗМ да аплицираат за овој стандард, како и извршниот директор на СКМ, г-ѓа Јелисавета Георгиева.

   Претставник на ИВЗ го презентираше процесот на сертификација на ХАЛАЛ, а претставникот на министерството за економија г-ѓа Елизабета Тодорова го презентираше процесот за аплицирање за субвенции за ХАЛАЛ.

  На крај, претставниците на компаниите кои веќе го користат овој систем како што се Виталиа, Ука Комерц и МакПрогрес, ги презантираа своите искуства од имплементацијата на ХАЛАЛ системот.