Извршниот директор на СКСЗМ г. Исени-говорник во семинарот за реорганизација на Министерството за економија
Извршниот директор на СКСЗМ г. Дриљон Исени беше поканет на првиот ден од семинарот организиран од Министерството за економија на тема „Реорганизација на Министерството за економија на Република Северна Македонија“ каде што беше и говорник како претставник на бизнис заедницата за да ги искаже ставовите кои треба да се земат во предвид и соодветно да се аресираат.
Меѓу забелешките кои г. Исени ги изнесе беа администрацијата и неефикасноста на јавниот сектор и неговите вработени, бидејќи тоа влијае и се одразува на работата на Министерството за економија, особено во проектите и процедурите кои ги поврзуваат институциите. Тој нагласи и дека зајакнувањето на министерството е повеќе од потребно и дека многу институции кои се непотребни на овој начин ќе бидат поништени.
Меѓу останатото, Исени рече дека е за ценење подготвеноста на министерството за соработка со бизнисот, но се уште има потреба од големи реформи како дигитализацијата, проширувањето на палетата за поддршка на претприемништвото. Tој исто така додаде дека меѓу првите приоритети на ова министерство се градење капацитети во енергетскиот сектор, транспарентност во процесот на доделување концесии, усогласување на законските прописи во согласност со законодавството на ЕУ, итн.
Претставниците на СКСЗМ се секогаш присутни во моментите кога треба да се заштити интересот на бизнисот и економијата воопшто и дека оваа институција продолжува да ја извршува својата мисија врз која е основана.