Изборно собрание на СКСЗМ
Собранието го отвараше актуелниот Претседател на Собранието, г-дин.Џемаил Даути, а понатаму Комисијата за Верификација и Кандидирање продолжи со својата работа, односно изборниот процес.
Во ова Собрание, беа избрани новите раководни структури за наредните четири години,односно членоците на Управниот Одбор, Членовите на Надзорниот Одбор, Претседателот на Собранието и Претседателот на СКСЗМ.
Според Статутот на СКСЗМ, вкупно 15 членови учествуваат во Управниот Одбор и 7 во Надзорниот Одбор.
Со сите гласа ЗА и ниту еден глас против беа избрани следните членови на Управниот Одбор:
Нухи Алиу, Агрим Ќерими, Фатмир Етеми, Неби Хоџа, Нури Мемети, Арбен Халили, Салим Хасани, Мендерес Кучи, Ариф Нуредини, Назми Ејупи, Реџаил Мустафи, Нијази Џумкар, Менди Ќура, Нагип Фејзи и Бајрам Цапа.
Со сите гласа ЗА и ниту еден глас против, беа избрани членовите на Надзорниот Одбор: Енвер Малиќи, Арсим Папранику, Адем Абдулахи, Муса Рамадани, Неџат Етеми, Решат Муслиу и Лирим Мерсими.
Претседател на Собранието за наредните четири години ќе биде Касам Зендели.
Што се однесува на изборот на Претседател на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, од вкупно две кандидати пријавени за ова позиција, Неби Хоџа и Мендерес Кучи, со ова позиција во наредните четири години ќе раководи Неби Хоџа.
На крај за новото раководство и делегатите имаше коктел.
Инаку, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, се очекува брзо да прослави и десет години од основањето.
Овој ентитет е формиран со самоиницијатива на бизнисмените албанци, со цел унапредување, зајакнување и промоција на албанскиот бизнис, со посебен акцент на Северо-Западниот дел на земјата
Comments are closed.