Home / Uncategorized / За нас

За нас

       

        Со оглед на проширувањето, развојот и унапредувањето  на приватниот бизнис во нашиот регион, беше разумно овој економски потенцијал да се организира во една заедничка форма. Денес низ целиот цивилизиран свет постојат различни форми на бизнис организации, почнувајќи од  економски здруженија до стопански комори, индустриски и комерцијални. Со иницијатива на група на претприемачи, во февруари 2005 година е основана, а во јуни СКСЗМ е официјално регистрирана.

         Нашиот економски потенцијал треба биде организиран во една таква форма. Од оваа комора ќе бидат во можност да имаат корист сите претпријатија во нивната форма на афирмација кои сакаат да се зачленат во неа. Треба да се напомене дека организацијата е позитивна и за овој дел од Македонија. СКСЗМ треба да служи за зачувување на економските вредности, и за достојна застапеност на Северо – Западната Македонија дома и во странство, да биде вклучена во други структури во земјата и надвор од неа, да обезбеди релевантни информации за домашните и странските пазари, и да го поврзе нашиот бизнис со европските бизниси во САД и пошироко.

 
         Истражување на пазарот, контактот, посредувањето при диференцијални случаи, учествата на регионалните и европските саеми ќе бидат едни од примарните ангажмани на СКСЗМ. Промоција на прекуграничната соработка со Грција, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, Бугарија и Турција, ќе бидат уште еден приоритет, користејќи ги и законските можности и поволности што Македонија ги има потпишано со земјите од регионот за слободна трговија.

        Тука треба да се напомене уште една причина за потребата  за основање на овој субјект. Сведоци сме на конфликтот во 2001 година. По завршувањето на конфликтот од 2001 година до денес, Северо-Западниот дел на Македонија страда од лошиот имиџ и клима, која е присутна и кај нас и надвор од Македонија. Во Македонија, за жал не постојат значајни странски инвестиции, додека во Северо – Западниот дел на земјата ситуацијата е уште полоша во смисла на инвестиции и создавање на заеднички инвестиции во форма на заедничко вложување. СКСЗМ треба да служи и да се обиде да го промени негативниот имиџ на овој регион на земјата и да го подготви правниот и информативниот  простор за инвестицискиот потенцијал. Со еден збор, бизнисот на овие страни заедно со СКСЗМ, имаат адреса која се надеваме да биде плодна за сите.

      Принципот на организацијата на СКСЗМ ќе биде територијален и професионален, односно ќе имаме регионални совети во регионите и групации на професии и други специјализирани активности. Најголем број на бизниси во Северо – Западниот дел на Македонија се средни и мали.  Меѓу најзначајните активности се:


1.Изградба и инџинеринг
2. Трговијата од сите области
3. Производителите на мебел, врати и прозорци
4. Производителите на млечни производи, сирење
5. Производителите на преработка на месо, колбаси, суво месо
6. Производителите на метални производи
7. Производителите на брашно и леб
8. Туризмот, хотелиерството
9. Транспорт на товар
10. Живинарски фарми и друга живина, производство на јајца
11. Производител на градежни материјали, итн.

Сите овие бизниси ги следат современите стандарди за квалитет како ХАСАП и ИСО итн.

 


ВИЗИЈА

СКСЗМ како организација има намера да стане лидер во претставувањето на интересите на бизнисот и создавање на поволна средина за развој.



МИСИЈА


СКСЗМ организира, промовира, ги заштитува и унапредува бизнис интересите дома и во странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција.

 

 

 

 

 

 

 

2