За Алфа ТВ – Претседателот на СКСЗМ

         Во интервјуто што претседателот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија  го даде за Алфа ТВ, изјави дека одбивањето на членството на Македонија во НАТО ќе има негативни последици врз економијата.
         Без прифатливо решение и игнорирањето на состојбата, го стори невозможно да се постигне компромис со Грција, која е важен фактор во отфрлањето на членството на Македонија во НАТО, и покрај лобирањето на голема земја како Турција, која беше игнорирана.
         Г-дин Мендерес Kучи, изјави дека сегашната Влада на Република Македонија, не треба да бара виновник надвор од земјата, туку треба да се сврти кон себеси и да го реши овој проблем, и дека тој не очекува инвестиции од странство, ако Владата не ја смени досегашната политика. Според него, во што се согласуваат и другите економски субјекти, институционалната стабилност и безбедносната ситуација се примарни, истакнувајќи дека првенствено, странските инвеститори бараат стабилност
          На крај, за да се намалат негативните ефекти, владата ќе мора да најде средства и начин да се стимулираат локалните компании, истакнувајќи дека Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, ќе бара од владата поттик на инвеститорите од регионот, како Косово, Албанија, Црна Гора, Србија и други.

Comments are closed.