За Алсат – М, извршниот директор на СКСЗМ

           За “Економскиот Магазин” на Алсат – М, извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Фатмир Битиќи, дискутираше во врска со ребалансот на буџетот и капиталните инвестиции во земјата. Според него, Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, како и другите стопански комори во земјата, се ангажира за подобрување на бизнис климата.

Тој истакна дека Комората во текот на изминатата година имала некои забелешки во врска со предлог-буџетот на владата, и тоа во две насоки:

– Дека предложениот буџет не е реално планиран и

– Дека не поддржува капитални инвестиции кои директно ќе влијаат на економскиот развој и животниот стандард во Република Македонија.

“Сега, ние сме пред ситуација кога Владата предлага ребаланс на буџетот, задржувајќи го предлогот за зголемување на платите во администрацијата и пензиите, а за возврат, ги намалува трошоците за капиталните инвестиции, а тоа е резултат на погрешен план и не е продуктивно” , изјави г-дин Фатмир Битиќи.

Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, смета дека ова е погрешен чекор, што би влијаело негативно на економијата. Затоа, “мислиме дека Владата треба да ја преиспита одлуката за ребаланс на буџетот и намалување на капиталните инвестиции.”

За крај, г-дин Фатмир Битиќи, порача  дека владата треба еднаш и засекогаш  да ги земе во предвид и да соработува со сите економски субјекти во земјата, во поставувањето на нивната политика, со цел заеднички да ја ожиеват економијата во Република Македонија.

Comments are closed.