Зајакнување на соработката меѓу академијата и бизнисот: Претседателот Ќура го пречека на средба Претседателот на Универзитетскиот Колеџ Киријази.
Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Менди Ќура го пречека Претседателот на Универзитетскиот колеџ Киријази, проф. Ѓок Улдедај.
На оваа средба се разговараше за многу важни прашања, како што се идентификацијата на можностите за продлабочување на економската соработка, обезбедувањето на квалификуван кадар, зголемувањето на употребата на иновациите и технологијата во економските сектори, идентификацијата на потенцијалните области за научно-технолошки соработка.
Соработката на СКСЗМ со образовните институции е важен чекор, каде што главната цел е да се избегне јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот, како и да се одговори на предизвиците поврзани со компатибилноста на работната рамка со барањата на пазарот на трудот.