Заштита на марките на производите од Прекуграничната соработка
Основната идеја зад овој проект е да се подигне свеста на компаниите од регионот за потребата од индустриска сопственост како можност да се спротивстави на безмилосната глобална конкуренција. Оваа акција има две цели: прво да се подигне свеста на компаниите за потребата од индустриска сопственост во нивната долгорочна работа и втората заштита на производите со сертификат на трговска марка со географски назив од областа што ја карактеризира производот со квалитет и карактеристики релевантни на географската област. Овие две цели се тесно поврзани со општата и специфичната цел на Програмата за економски развој на прекуграничниот регион преку промоција и брендирање на услугите и производите од регионот.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за патенти и трговски марки на Република Албанија се одговорни за спроведување на проектот “Заштита на марките на производите од ПГС”, финансиран од Европската Унија. Проектот ќе се спроведува во Македонија и Албанија.
Општа цел на оваа акција е придонес кон зголемена конкурентност на бизнисот од прекуграничниот регион преку промоција и заштита на трговски марки и патенти во Македонија и Албанија;со овој проект се стреми да се постигнат зголемување на свеста кај различните засегнати страни (бизниси, царина, студенти, жители) за заштита на трговските марки и патенти, како и придобивките од нив.
Специфична цел на оваа акција е заштита на локалните трговски марки и патенти на бизниси во прекуграничниот регион. Индикаторите за постигнување на оваа цел се: поддршка на претприемачите на малите и средните претпријатија во Полог и Југозападниот регион во Македонија и Корча-Дебар регион во Албанија.
Целна група на проектот ќе бидат:
- претприемачи, микро, мали, средни и големи компании од прекуграничниот регион,
- владините институции како на пример, разни инспекции кои се поврзани со индустриска сопственост, судовите, царините од двете страни на прекуграничниот регион
- локалните власти дека треба да се даде поддршка на географската ознака на производи од регионот
- средношколци и универзитетски студенти – да се создаде култура на почитување на индустриската сопственост и промоција на производи со географско потекло.
Очекуваните резултати од проектот:
- Основана платформа за промоција- заштита на трговска марка и патенти во прекуграничниот регион
- Поголемо разбирање за трговска марка и патенти во прекуграничниот регион
- Промоција на трговската марка и патенти во прекуграничниот регион.
Активности кои се планирани да се преземат во рамките на овој проект се:
- Основни средби меѓу Стопанската Комора и органите на заштита со трговска марка;
- Отворанање на инфо поинт канцеларија во рамките на стопанската комора во прекуграничниот регион
- Организирање на инфо сесии за бизнисите за заштита на трговските марки и патенти
- Анализа на постоечките брендови и трговски марки во прекуграничниот регион
- Обука за заштита на трговските марки и патентни за бизнисите во прекуграничниот регион
- Подготовка на брошура за заштита на трговските марки и брендови за бизнисите од прекуграничниот регион
- Mедиумска кампања за заштита на трговските марки и патенти во прекуграничниот регион
- Организирање на конференција за заштита на трговските марки и патенти;
- Дизајн на интерактивен веб портал за информирање на бизнисите за зашита на трговските марки и патенти.
Времетраењето на проектот е 18 месеци
Comments are closed.