Започна со работа компанијата АХА ДЕТЕЛИНА
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Мендерес Кучи учествуваше на инаугурацијата на започнувањето со работа на компанијата-членка, АХА ДЕТЕЛИНА.
АХА ДЕТЕЛИНА е во сопственост на г. Џељаљ Идризи. Оваа компанија е ексклузивен претставник на словенската компанија БИСОЛ, која се занимава со продажба на соларни панели.
Компанијата АХА ДЕТЕЛИНА, во соработка со партнерските компании БИСОЛ и Термал Текнолоџи, кои се фокусирани на енергетската ефикасност, односно, работа со соларни панели за производство на струја, подно греење, радијатори и сите други делови кои одат во пакет со горенаведените продукти.
За време на инаугурацијата, Претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, кој откако ги поздрави присутните додаде: “Денес сме сведоци на започнување со работа на една нова компанија, која и покрај фактот дека се соочуваме со многубројни потешкотии, сепак, претприемачкиот дух сведочи дека секогаш истите можат да се решат кога имаме јасни цели. Важноста на започнувањето со работа на оваа компанија во делот на производи кои ќе ги пласира на пазарот не е толку важна, колку што е важна формата на организирање, односно, домашното и странското претприемничко партнерство (словенско), а тоа е нешто што ние често го потенцираме како неопходна потреба во денешно време”.
Потоа, претставникот на БИСОЛ направи детална презентација на прозиводите и начинот на функционирање на овие системи кои сега се присутни на домашниот пазар.
Comments are closed.