Заменик-премиерот Анѓушев се сретна со стопанственици од Полошкиот регион

07 Мај 2018 – Над 50 тина претставници на бизнисот од Полошкиот регион се сретнаа денес во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа со заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев. За време на оваа средба проблемите наредени од бизнисмените кои очекуваат да се решат во иднина од страна на Владата, формираа еден долг список, вклучувајќи го тука и еднаквиот регионален развој, транспарентноста на владата, елиминирање на субјективноста во поддршката на бизнисот, други олеснувања кои би биле во корист на бизнисите и потенцијалните инвеститори, како и посебни мерки за компаниите кои доаѓаат од руралните средини и женското претприемништво.

Базирајќи се на интересот на бизнисот, СКСЗМ ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи за развојната политика на земјата а особено мерките за поддршка на бизнисот.

Присутните бизнисмени истотака имаа можност да дискутираат околу мерките на планот за економски развој од третиот столб во врска со финансиската поддршка на микро, малите и средните претпријатија. Имајќи го предвид деловниот интерес, СКСЗМ ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи за развојните политики на земјата, а особено мерките за поддршка на бизнисот.

Владата треба да дејствува во насока на креирање на стратегија за развој на приватниот сектор, поголема продуктивност, поголем број на вработувања, подобрување на бизнис климата и овозможување на нејзиниот раст и развој – рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ и ги охрабри компаниите да ги користат владините мерки за поддршка на бизнисите.

Заменик на претседателот на Владата Анѓушев од претставниците на бизнисoт побара нивните барања да бидат артикулирани подетално преку Комората, така што Владата ќе ги земе предвид предизвиците со кои се соочуваат и дека тие се отворени за критики и предлози од бизнис заедницата, со цел да се создадат подобри економски политики.

Ние контактираме со бизниси со цел да видиме каде стоиме со организацијата на малите и средните претпријатија, што треба да преземеме како влада, а она што го гледаме е дека нашата развојна перспектива е во овие бизниси, малите  и средните бизниси и целосно искористување на природните ресурси и човечките ресурси што ги имаме – рече заменик-премиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев, исто така, изјави дека царинскиот терминал во Јажинце ќе биде отворен за кратко време, имајќи го предвид фактот дека тој лично ќе се ангажира во таа насока и дека патот Скопје-Блаце ќе биде приоритет на Владата во наредниот период.

Македонската економија мора да биде извозно ориентирана, а македонските компании да освојуваат нови пазари. Токму преку мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, ќе се поддржат инвестициски проекти на компаниите за технолошки развој, како и инвестициите во едукација и обука на професионален, компетентен кадар, кој ќе биде добро платен. Преку имплементација на Законот и реализација на Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе ја подигнеме конкурентноста на компаниите и ќе обезбедиме услови за побрз развој на македонската економија, раст на стапките на бруто домашниот производ и нови подобро патени работни места за македонските граѓани“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

За време на денешната посета во Тетово, заменик-премиерот Анѓушев ја посети и компанијата членка на Комората од тетовскиот регион “Пофикс”.