Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија по состанокот со Министерот за труд и Социјална Политика г. Диме Спасов, на кој што истотака присуствуваа и тројцата потпретседатели на Комората, од кој што излегоа предлози за зголемување на минималната плата на ниво на Р.М., да се ангажираат на работа во компаниите сите граѓни кои примаат социјална помош и не работат ништо, како и ангажирање на работа со инвалидите.
Така да, на 85-тата седница на Собранието на РМ се донесоа измени и дополнувања на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Во пракса, ќе се субвенционира вработувањето на лицата кои примаат највисока социјална помош, бидејќи Владата на работодавачот му субенционира 80 % од висината на исплатената социјална помош.
Законот ќе биде во интерес на работниците, работодавачите и на државата, а од него најголема корист ќе имаат оние на кој најмногу им треба работата, примателите на социјалната помош.
Comments are closed.