Законски одредби во областа на животната средина во функција на компаниите

28 март 2018  – Стопанската комора на Северо-западна Македонија денес во Дебар организираше информативна сесија на тема “Законоските прописи во областа на животната  средина во фунскија на  развојот, промоцијата и конкурентноста на компаниите” .

Целта на ова информативна сесија е да се презентираат одредбите кои во практика претставуваат проблеми во примената

Целта на ова информативна сесија е да се презентираат одредбите кои во практика претставуваат проблеми во примената,кои се толкуваат поинаку и кои не се во согласност со современите потреби на работниот процес. Да иницира конкретни решенија за законски измени земајќи ја предвид поврзаноста на Законот за работни односи со други прописи. Оваа информативна сесија е организирана за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во спроведувањето на самите закони и информирање на компаниите во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно зајакнување на јавниот- приватен дијалог.

Информативната сесија е организирана во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатичка технологија и комуникација (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во проектот на УСАИД  “Партнерство за подобра бизнис регулатива”.