Законот за работни односи презентиран пред компаниите од Тетово

25 Април 2017 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија преку проектот УСАИД – Партнерството за подобра бизнис регулатива, одржа денес во Тетово информативен настан со цел да се презентираат постоечките прописи и законски барања кои влијаат на малите и средните претпријатија (МСП), во врска со правата и обврските кои што произлегуваат од овој закон.

Овие сесии, исто така имаат за цел да соберат вредни информации, кои ги вклучуваат најголемите и најтешките прашања со кои се справуваат средните и малите претпријатија. Собраните податоци ќе бидат користени во развојот на проектните активности “вклопување-за-целта” за подобрување на јавно-приватниот дијалог во текот на животниот век на проектот.

Партнери за имплементација на УСАИД за овој проект се: ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската Комора за ИКТ – МАСИТ, и Стопанската комора на северозападна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Владата на САД, со цел да се поддржи економскиот раст преку ублажување на притисокот врз малите и средни претпријатија нанесен од честата промена на законската регулатива.