Заедничка средба на Управните Одбори на СКСЗМ и СКМ

  Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан со Стопанската комора на Македонија, во кој исто така се утврдуваат заеднички состаноци на Упрваните Одбори во текот на годината, на 26 Јуни 2014 година се одржа првата заедничка средба меѓу Управниот Одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија и  Стопанската комора на Македонија. 

  Тема за дискусија на дневниот ред беше: олеснување на трговијата – насоки за зголемување на  протокот на стоки долж коридорите 8 и 10. Се договори да се иницира предлог до коморите на земјите низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 да се анимираат нивните надлежни органи за формирање Конзорциум како меѓународно оперативно тело составено од претставници на Министерствата за транспорт, Царинските управи и стопанските комори. Целта на Конзорциумот е следење и зголемување на проодноста на стоковните текови низ Коридорите 8 и 10 и сигнализирање за проблемите и отворените прашања кои го спречуваат нормалното функционирање на истите, со предлагање на мерки и активности за нивно надминување.

 Иако  едногласна беше констатацијата дека од суштинска важност  е што по интензивно да се работи на финализирање на Коридорите 8 и 10,  сепак,  сосема  е очигледно дека  тој процес  ќе трае сигурно уште  неколку години . 
Токму затоа  Џемаил Даути од Стопанската комора на   Северозападна  Македонија побара  да не се изостануваат и Коридорите 6 и 9.  Но,   исто така,   забележа дека паралелно треба да се работи и на  модернизирање на железничката инфраструктура.

Comments are closed.