Заедничка изјава на Стопанските Комори
Oва конференција за печат, се одржа веднаш по еден заеднички состанок на сите Комори, на кој се констатираа унифицираните ставови на Коморите, што се однесува на актуелната ситуација, мерките кои наскоро ќе бидат предложени од сите Стопански Комори, за решавање и олеснување на економската и политичката ситуација во земјата.
Присутни беа, Мендерес Кучи, Претседател на СКСЗМ, Јелисавета Георгиева, Извршен Директор на СКМ, Митко Алексов, Извршен Директор на ССКМ, Дејан Дејанов, Претседател на Македонско-Израелскиот Бизнис Клуб, Зоре Темелковски, Претсдател на Македонско-Бугарската Комора, Туан Ејуп Кахвеџи, Претсдател на МАТТО, Претседател на Македонско-Турската Комора.
Без сомнеж, дела лошата политичка состојба во земјава има негативно влијание и врз стопанството и тоа: во делот на инвестициите како надворешни така и домашни, туризмот и можното намалување на бројот на туристи кои престојуваат или најавиле доаѓање во земјава, ризикуваме од безбедносни причини да не ни се вратат и нашите печалбари во летниот период кои се значителен стимул за потрошувачката во Македонија, дополнително и опасноста од намалување на нивните депозити, што во голема мера придонесуваат за макроекономската стабилност и обезбедуваат стабилност на дел од девизните резерви, се по неатрактивни стануваат нашите извозници, чии што производи завршуваат во пазарите на соседните земји.
Со овие констатации, за прв пат се согласуваат и Опозицијата и Власта, но тие не треба да си дозволат главна цел да им биде ривалитетот во лоцирањето на едностраната вина за актуелната ситуација при што забораваат дека ја сечат гранката на кое што седат бидејќи последиците ќе ги сносиме ние како компании, граѓаните, сите деловни субјекти и социјални категории, додека власта тоа ќе го почуствува одкако ќе види дека државната каса е веќе празна, а впрочем веќе се согледуваат знаци што индицираат на тоа.
Од тука, ние како Стопански комори што го претставуваме интересот на бизнис заедницата, оценуваме дека продолжената политичко-економска криза ќе ги намали нашите изгледи да ги превенираме опасностите, да ја браниме Македонија од банкрот или неизвесни сценарија за расплет на кризата која се повеќе е и општествена – истакна Кучи, во име на сите релевантни Стопански Комори во земјата.
На крај, беше најавено дека ова заедничка изјава, ќе има свое продолжение, имајќи предвид дека ставовите на сите релавнтни комори се обединети, хармонизарни и сите водат кон едно заедничко решение и токму во таа насока во наредниот период јавноста и Владата ќе биде запознаена со конкретни мерки предложени од биѕнис заедницата, за надминување на политичката и економската криза во земјата.
Comments are closed.