Загриженоста на бизнисите од Гостивар

19 Април 2018 – Денеска Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, продолжи со средбите со бизнисмените од Гостивар и околината. На овие состаноци беше дискутирано што може да се направи за да се постигнат поголеми резултати и поголема поддршка со услугите кои ги нуди Комората.

Бизнисите ја ценеа заложбата што СКСЗМ го презеде за да ги гледа од поблиску нивните проблеми и интереси и истовремено изразија подготвеност за континуирана соработка, додека Комората ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива што ќе биде во корист на бизнисите, преку создавање  поповолно опкружување за компаниите.

Во текот на овој состанок беа опфатени некои специфични прашања, кои ги загрижуваат бизнисите, како што се недостаток на инфраструктурата и елементарните услови во руралните средини, проблемите со царинските и други административни процедури итн.

Директорот на СКСЗМ им се заблагодари на компаниите за прикажување на овие проблеми и истакна дека работат во насока на нивно решавање. Тој рече дека ќе биде отворен за комуникација, со намера,  соработката да биде на потребното ниво и истакна дека ќе присуствува и на други заеднички состаноци со бизнисите, со цел директно да ги слуша проблемите што ги имаат бизнисите.