Завршна конференција на проектот “Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на 04 Февруари 2014 година организираше завршна конференција на проектот “Едукација, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, кој беше имплементиран во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Регионалната развојна агенција Сенец – Пезинок од Словачка.
На оваа конференција, гости беа и градоначалникот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи, претставник од Европската Делегација г-дин Мартин Клауке, градоначалникот на Општина Брвеница г-дин. Енвер Пајазити, државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика г-дин Mуедин Кахвеџи, г-ѓа. Линдита Ќазими директор на Центарот за образование на возрасни и г-ѓа. Ќаније Сељими, раководител на едукативниот центар за деца на предучилишна возраст РЕА од Тетово.
Претседателот на СКСЗМ ги поздрави присутните и рече дека “Стопанската Комора на Северо- Западна Македонија досега имаше неколку иницијативи за вклучување на жените во бизнисот како и зголемување на бројот на претпријатија основани од жени, и да се инспирираат повеќе жени да станат бизнис лидери. Ова прашање е често разгледувано во разни институции, без разлика дали од образовен или социјален карактер, и секогаш е утврдено дека женскиот род, треба да се активира повеќе, но не многу често тоа станало реалност. СКСЗМ им се заблагодарува на меѓународните институции, а особено на ЕУ, која изрази подготвеност да му помогне финансиски на овој проект”.
Градоначалникот на Општина Брвеница г-дин. Енвер Пајазити, во својот говор изрази подготвеност да соработува обезбедувајќи ги сите свои капацитети и максимална поддршка во сите идни активности, истакнувајќи дека тие постојано работат во насока на обезбедување механизми и вредности за еднакви можности меѓу жените и мажите и работат интензивно на реализација на слични проекти, како и во работењето на бизнис инкубаторот во општина Боговине.
Г-ѓа. Линдита Ќазими, ги презентираше искуствата на Центарот за образование на возрасни со слични проекти финансирани од Европската унија, со надеж дека во иднина ќе продолжи добрата соработка и со СКСЗМ.
Проект менаџерот, г-ѓа Фатима Бејтулаи Веља ги презантираше целите и достигнувањата на проектот како и сите активности спроведени во рамките на проектот. Таа рече дека “Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија отсекогаш била посветена на поддршката на претприемништвото и иновациите, со цел во нашата земја да има се повеќе успешни бизниси раководени од страна на жените, кои се издржливи на локалниот пазар”. Исто така, таа додаде дека “Со работата со жени дојдовме до заклучок дека не постојат формални пречки за жените да бидат претприемачки или на менаџерски позиции во компанијата, бидејќи ние видовме дека со нивните вештини можат да му дадат повеќе на општество, и дека во некои случаи се поспособни од мажите” , и за да се докаже ова, беше поканета и г-ѓа. Ќаније Сељими од Едукативниот центар за деца на предучилишна возраст РЕА, која на присутните им се обрати со мотивациски говор за нејзиниот успех како менаџер на центарот.
“Започнете да го правите тоа што вие го сакате, тоа е мојата порака. Јас почнав да ја работам работата која ја сакам. Како идеја ја имав од пред околу 5 години, но се реализираше кога решив и кога почнав да ја реализирам ” рече г-ѓа Ќаније Сељими.
На крај на конференцијата имаше коктел за гостите.
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.
Comments are closed.