Жените од Полог – како до бизнис
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во партнерство со Здружението за локален рурален развој и Регионалната агенција за развој Сенец – Пезинок, Словачка, се одговорни за спроведување на проектот „Образование, вработување за жените од етничките заедници“, финансира од Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, Инструмент за пред пристапна помош (ИПА).
Првите обуки започнаа во Општина Боговиње во периодот од 3 јуни 2013 година до 7 јуни 2013, каде ќе се опфафат жените од оваа општина и жените од Општина Брвеница.
Oбуките ќе траат 5 дена, и ќе се одржат со почеток од 9:30 часот до 16:00 часот.
Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, го поздрави почетокот на предвидените обуки во проектот во регионот на Полог и изрази спремност за перманентна поддршка за успешна реализација на проектот и истовремено за негова успешна имплементација, изразувајќи спремност директно да влијае кај локалните компании, жените опфатени со проектот, постепено да почнат со конкретно реализирање на нивните способности во локалните компании, како вработени.
Од друга страна, Градоначалникот на Општина Брвеница, Енвер Пајазити, исто така изрази благодарност за опфаќање на оваа општина со проектот и спремност за овие жени да обезбеди една канцеларија во рамките на Општина Брвеница, која канцеларија ќе биде за нивните потреби.
Понатаму, од страна на проектниот тим, беа презентирани целите на проектот, додека обучувачите од Словачка, ги запознаа учесниците околу работата и семејниот живот, на начин да бидат конкуретни на пазарот, преку развој на нивниот потенцијал за вработување и промоција на еднаквите можности и родова еднаквост на етничките заедници на локално ниво.
Основањето на првиот пилот рурален инкубатор во оваа општина, е подржан од двата градоначалника, како и од самите жени од овој регион, кои изразија голема спремност за негова имплементација, чие отварање е планирано за месец септември оваа година.
Обуките ќе продолжат и во наредните денови, додека понатаму ќе се одржат во регионотна Струга, од 10 до 14 јуни 2013 година.
Повеќе информации околу проектот, контактирајте не на е-маил адресата fatima.vela@oemvp.org
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија | Здружение за локален рурален развој | Регионална агенција за развој-Сенек-Пезинок |
Проектот е финансиран од Европската Унија
This document has been produced with financial assistance of the Europian Union. The contents of this document are the sole responsibility of Economic Chamber of North-West Macedonia and can no under no circumstances be regarded as reflecting the position of the European Union.
Comments are closed.