Економскиот форум: “100 години вo духот на националната економска соработка”

    На 21 април 2012 се одржа Економскиот форум: “100 години вo духот на националната економска соработка”, организиран од Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија и Министерството за економија, во соработка со Општина Чаир.

      На панел прв зборот го имаше градоначалникот на општина Чаир, г-дин Изет Меџити. Потоа, министерот за економија, г-дин. Ваљон Сараќини, и се заблагодари на СКСЗМ за организацијата, и стави акцент на создавањето иновативна регионална политика како можност за економскиот развој на земјата..

       Г-ѓа. Мимоза Кусари – Лила, заменик премиер и министер за трговија и индустрија, на крајот од својот говор, рече дека се надева 110 годишнината да не најде во поголема економска и институционална соработка.

        Претседателот на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, г-дин. Мендерес Kuчи рече дека: “не треба да ја очекуваме политичка интеграција, туку треба да работиме за економска интеграција”, бидејќи “бизнисот е како ластовиците што ја најавуваат пролетта.”

        Потоа, доби збор г-дин. Бесим Беќај, министер за економски развој и г-дин Агим Шахини, претседател на КБА. На крај, дискусијата ја заврши. Д-р Насер Рахими,  од Тетовскиот Државен Универзитет.

       

     По завршувањето на дискусијата се поделија благодарници за најдобар бизнис план  на училиштето “Арсени Јовков” (Проф.Висар Дураку со учениците Ермир Муртезани и Фуат Јонузи) и училиштето “Цветан Димов” (Проф. Бујамин Беља со учениците Берат Абдурамани и Јетон Садики) . Во бизнис категоријата, награди беа поделени за хотелот “Радика”, компанијата “Алма М” на г-дин.Mухамер, и на училиштето “Woodrow Willson” за г-ѓа. Ељита Маша. За придонес во развојот на ракотворбите,  благодарност му беше доделена на г-дин. Џељадин Асани.

     По завршувањето на Економскиот форум, учесниците беа поканети на коктел и свечен ручек, организиран од страна на СКСЗМ.

Comments are closed.