Економска соработка помеѓу Италија и РСМ, цел на СКСЗМ
Во просториите на СКСЗМ , претседателот г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дрилон Исени ги пречекаа претставниците на италијанската асоцијација API NORDEST.
Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, па целта на средбата беше да се зголеми економската соработка меѓу двете земји и можноста за инвестиции во РСМ.
Се разговараше и за можностите за соработка во насока на надминување на проблемите кои се заеднички за двете страни, како што се високите царински давачки и многу други важни точки.
СКСЗМ останува ориентирана кон промоција и унапредување на интересите на бизнис заедницата внатре и надвор од државата.