„Економска Олимпијада: Иновации и Награди за младите во Тетово“
11.05.2024 година, Тетово – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија учествуваше на Националниот круг на Економската олимпијада, организирана од Институтот Либерална Алтернатива и Иницијативата за економски бази од САД во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа.
Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Дурим Зеќири учествуваше на овој настан како панелист, кој разговараше на тема „Економски иновации предводени од младите“ и нудејќи им на студентите перспектива од светот на бизнисот.
Тој ја истакна улогата на иновациите во зајакнувањето на економијата на Северна Македонија, особено во однос на младите. Промовирањето на иновациите е клучно за зголемување на конкурентноста и создавање можности за вработување. На глобалниот пазар кој брзо се развива, важно е младите да ги развијат своите вештини за да ги задоволат барањата на пазарот. Оваа посветеност на иновации и развој на вештини е од витално значење за создавање одржлива и разновидна економија за иднината на земјата, но тоа може да се постигне со соработка со владините и академските институции.
Исто така, г-дин. Зеќири им подели три награди на одличните студенти на овој Универзитет, посакувајќи им поголеми успеси во иднина.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е максимален поддржувач на младите и задржувањето на младите во нашата земја, опишувајќи ги како најголем асет за економски развој и раст.