Доживеј ново искуство при користење производи и услуги на Комерцијална банка со твојата електронска идентификација и без посета на шалтер!

Доживеј ново искуство при користење производи и услуги на Комерцијална банка со твојата електронска идентификација и без посета на шалтер!

Комерцијална банка е прва банка во земјава што преку твојата електронска идентификација OneID ти овозможува практична примена на оваа услуга во твоите секојдневни финансиски трансакции и лесен, безбеден и брз пристап до повеќе производи и услуги од кое било место во светот и во кое било време.

Зошто ти користи електронската идентификација OneID?

  • Се идентификуваш без посета на шалтер
  • Можеш да ја користиш во движење, во кој било период од денот
  • Ти заштедува време со онлајн пристап на сервисите на Банката
  • Ја активираш еднаш, а ја користиш секогаш кога треба да се идентификуваш
  • Твоите информации се безбедни, сигурни и заштитени

Со електронската идентификација OneID, без посета на шалтер, може да ажурираш лични податоци, а во иднина ќе може да поднесеш барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка и за потрошувачки кредит на Комерцијална банка. Наскоро ќе биде овозможено и далечинско активирање Интернет банка, како и отворање платежна сметка во Комерцијална банка.

 

Комерцијална банка ја овозможи оваа дигитална услуга благодарение на соработката со водечката компанија за дигитална трансформација Некстсенс, која заедно со КИБС АД Скопје ја разви и пласираше услугата OneID.

Откако еднаш ќе ја активираш електронската идентификација OneID, ќе може да ја користиш за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.

Дознај повеќе на линкот и уживај во привилегиите на едноставниот и безбеден дигитален свет: https://kb.mk/elektronska-identifikacija.nspx .

#ПолесноЕЗаедно #OneID