Доделување на наградата ”Патент на годината” 2015

На манифестација се обрати заменик директорот на ДЗИС, г-дин.Мите Костов, кој зборуваше за мисијата и работата што ја прави оваа институција, во насока на реализирање на одредени активности. Меѓу другото, тој истакна дека е во завршна фаза стратегијата за заштита на интелектуална сопственост 2016-2018, која наскоро се очекува да биде објавена од страна на Заводот.

Ова е 21 година по ред што се доделува наградата “Патент на годината”. На овој настан како по обичај беше проследена и овогодишната порака на Генералниот директор на Светската организација за заштита на индустриска сопственост, г-дин.Франсис Гари. Ова година пораката, беше посветена на музиката, имено на заштита на интелектуалната сопственост на музичките творби.

Денес е денот ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА МУЗИКАТА, да се увериме дека нашите музичари добиваат тоа што заслужуваат, но и дека ја цениме нивната креативност и нивниот уникатен придонес во нашите животи.

На крај, се обрати и добитникот на Наградата “Патент на годината ”, г-дин Јоти Поповски, магистер по еколошките науки, кој ја освои ова награда по втор пат во временски рок од 15 години. Неговата иновација е поврзана со посебен филтер за отстранување на нитратите од водата за пиење, а со тоа и создавање на производ кој предизвикува помали трошоци за електрична енергија, кој нема потреба за одржување и нема потреба за резервни делови, во споредба со скапи технологии кои се користат во овој правец.
Стопанска Комора на Северо-Западна Макеоднија ја поздрави работата на Државниот завод за индустриска сопственост, кој напорно работи за јакнење на свеста за заштита на индустриската сопственост и ја претставува земјата во меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост.

Comments are closed.