Доделени наградите за претприемач на годината

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонската фондацијата за развој на претпријатијата, по деветти пат по ред ги прогласија претпримачите на годината.

Во категоријата на микро претпријатија првата награда отиде во рацете на Елмедин Адеми, односно компанијата Скрин Медиа од Тетово, вооедно компанија членка на Комората, втората награда ја доби претпријатието  Калаплакат од Скопје и нејзиниот менаџер Владимир Јосифоски, додека во категоријата на мали компании, првата награда отиде кај Дени Милк од Кочани и сопственикот Дејан Трајчев, а втората награда за Ламинати ком од Прилеп и г-дин. Томе Ѓоргиевски.

Оваа година, Министерството за економија и додели специјална награда на г-ѓа Анета Мустафовска, сопственик на компанијата Исиглас.

Денеска сме тука симболично да ги поддржиме и промовираме оние претприемачи кои беа најистакнати во 2015 година, бидејќи нивниот успех е мотивација за младите претприемачи и претприемништвото на земјата во целина, за сите оние кои имаат идеи, но сепак ја имат дилемата дали вреди да се инвестира во земјата – истакна претседателот Неби Хоџа во неговото обраќање.

Претприемништвото  не е ниту уметност, ниту наука, но е пракса. Тоа е практичното искуство на овие претприемачи кои се најдобар водич во развојот на претприемништвото во земјата – истакна Хоџа, истовремено упатувајќи им честитки на победниците.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2015“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на Република Македонија. Имено, 48 микро и мали претпријатија, во периодот од 2012 до 2014 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање.

????????????????????????????????????