Доделени наградите за Претприемач на годината 2016
28 Декември 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги додели наградите за претприемач на годината 2016, настан кој оваа година одбележа 10 години, и беа прогласени најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Македонија.
СКСЗМ настанот го организира во соработка со Фондацијата за развој на претпријатијата на Македонија (МРФП) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Ко-организатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, а се одржува под покровителство на Министерството за економија на Република Македонија.
Во категоријата на микро претпријатија првата награда ја доби Хотел Скардус од Тетово и сопственикот Хашим Хасани, компанија членка на СКСЗМ, втората награда беше доделена на Чоко Aвијаторс од Скопје и Билјана Кукловски, додека во категоријата мали претпријатија наградата за најдобра компанијата беше доделена на Софа Студио и сопственикот Деан Бадаревски од Скопје, додека втората награда за Евро Суровина од Битола и Васко Брдаровски.
Најпрвин, би сакал да го изразам моето видување за мисијата и улогата на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија што ја покажа во изминатите 10 години, како глас на претпримеништвото пред владата, во заштита на интересите на бизнисот, а во исто време како конструктивен партнер со предлози и идеи за подобрување на реформите, во рамките на деловната клима и општо – кажа Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.
Податоците се добиени од Централниот регистар на РМ, а изборот се врши со помош на прашалник пополнет од страна на компаниите и анализа според критериумите поставени однапред.
Comments are closed.