Договор за соработка со Стопанската Комора на Македонија

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска потпиша договор за соработка со Стопанската комора на Македонија, со цел развивање и зајакнување на соработката во области од заеднички интерес. Овој договор, исто така, вклучува промоција на претприемништвото, учество и реализација на заеднички проекти, взаемна размена на информации од области од заеднички интерес, обезбедување на квалитетни деловно-стручни услуги за нивните другите членови и друго.

  Воедно, со цел промовирање на натамошниот развој и зајакнување на постојната соработка на полињата од заемен интерес, заради заедничко унапредување на својата работа и активности за усогласување на посебните и заедничките интереси во областа за која се основани, претседателите на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, Бранко Азески и Мендерес Кучи потпишаа договор за соработка.

  Претседателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи, кажа дека очекува од ова денешно формално потпишување на овој договор, многу брзо да ги дадат и првите резултати, кои треба директно да ги почуствува нашето членство. Веруваме дека со заеднички  предлог политики, кои што ќе бидат предложени до соодветните државни институции, ќе ги постигнеме нашите цели.

  Претседателот на СКСЗМ додаде и дека, како комора ние остануваме цврсто на ставот дека освен домашниот пазар, цел треба да ни биде и регионалниот пазар, затоа што и денешното потпишување на меморандум помеѓу Стопанската Комора на Македонија и Стопанската комора на Косово, е добар чин кој дефенитивно ќе овозможи подобра бизнис клима и зголемување на трговската размена.

Comments are closed.