Дискусија: Влијанието на образованието во развојот на албанските бизниси на 100-годишнината од независноста
Претставниците на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, во библиотеката на Старата Чаршија се сретнаа со министерот за економија, г-дин.Ваљон Сараќини. Тема на дискусија на овој состанок беше “Влијанието на образованието во развојот на албанските бизниси на 100-годишнината од независноста.” Присутни на состанокот беа албанските бизниси, образовните институции, професори и новинари.
На почетокот на состанокот, министерот г-дин Ваљон Сараќини го претстави новиот пакет од 12 мерки од страна на Владата на РМ, ефектите од кризата и проекциите за 2012 година. Во врска со анти-кризните мерки за економијата, извршниот директор на СКСЗМ, г-дин. Фатмир Битиќи, изјави дека Владата треба да ги земе во предвид и да соработува со Комората и сите други економски субјекти во земјата во процесот на создавање на нивната политика и формулирањето на законите, со цел заеднички да ја оживеат економијата.
Подоцна, г-дин Ваљон Сараќини и претседателот на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија, г-дин Мендерес Kучи, дадоа изјави за медиумите.
На средбата разговараа и за можностите за поддршка од Министерството за економија за албанските бизниси во Македонија, каде бизнисите ги кажаа своите потреби и проблемите за време на нивната работа.
По дискусијата од страна на членовите на СКСЗМ, претставниците на бизнисот и другите гости, се одржа промоцијата на економскиот неделник “The Economist” на албански јазик, познат магазин во светот, каде се пласираат информации и теми во врска со меѓународните економски односи.
Comments are closed.