Денес се одржа средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија г-дин. Бранко Азески
Денес се одржа средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија г-дин. Бранко Азески, кој зборуваше за нивните активности во рамките на Стопанската комора на Македонија и за проблемите со кои компаниите се соочуваат во развојот на нивниот бизнис.
На оваа тема, во врска со различните проблеми со кои се соочува приватниот бизнис во Македонија, зборуваше претседателот на Собранието на СКСЗМ, г-дин. Џемаиљ Даути. Тој истакна конкретни случаи, како нашите компании се погодени со големи парични казни, од често не реални причини. За соработката помеѓу коморите и со другите државни институции, дискутираше Претседателот на СКСЗМ, г-дин. Мендерес Kyчи.
Состанокот заврши со надеж дека ќе имаме подобра професионална и стратешка соработка, меѓу Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Стопанската комора на Македонија, и со тој повод се планира заедничка средба меѓу претседателите на трите комори: Стопанската комора Северо-Западна Македонија, Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори на Македонија. И сето тоа, со цел да се подобри соработката помеѓу стопанските комори, државните институции и другите економски субјекти.
Comments are closed.