Денеска во просторите на СКСЗМ се оддржа инфо сесија за новиот Закон за јавни набавки
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија, Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска Комора на Македонија, Сојуз на Стопански Комори на Македонија, Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии (МАСИТ) и Стопанска Kомора на Северо-Западна Македонија, организираа информативен настан на тема: МОЖНОСТИ ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ПРАШАЊА ОД ИНТЕРЕС НА КОМПАНИИТЕ.
Целта на овој информативен настан е презентирање на клучните новини во спроведувањето на јавните набавки и согледување дали новите законски решенија ќе овозможат надминување на досегашните проблеми на компаниите. Настанот ќе им овозможи на компаниите не само да се стекнат со нови знаења, туку и да дадат свој придонес во натамошните напори на бизнис секторот во подобрување на законската регулатива во јавните набавки. Оттука, низ отворена дискусија ќе се разговара дали новините на новиот Закон за јавни набавки меѓу кои: напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, потоа објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми во однос на јавните набавки.