Денеска, во просториите на СКСЗМ беше пречекан министерот за информатичко општество и адмнистрација г.Азир Алиу

05.05.2023, Скопје- Денеска, во просториите на СКСЗМ беше пречекан министерот за информатичко општество и адмнистрација г.Азир Алиу. На оваа средба се разговараше за соработката помеѓу двете институции, со фокус на дигитализацијата на институциите, оптимизација на државната администрација и нивната ориентација кон приватниот сектор.
Министерот се обврза да ја вклучи Комората во сите процеси од значење за приватниот сектор, како институција која поседува информации од прва рака, со што ќе стане важен партнер во напорите за зголемување на ефикасноста на ова поле и помош за дигитализација на Северна Македонија.
Стопанската комора на Северо-западна Македонија ја поддржува дигитализацијата како механизам за забрзување на услугите на институциите кон граѓаните и бизнисите, со што ќе се забрза економската активност на нашата земја, зголемување на ефикасноста како дополнителна причина за дигитална иднина на нашаѕа земја.