Деловна средбa меѓу членовите на СКСЗМ
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на 26 декември 2013 организираше средба на крајот на годината со новинарите. Целта на оваа средба беше да се направи резиме од страна на Претцедателот на СКСЗМ г-дин Мендерес Кучи за годината што го оставивме зад себе, впечатоците за економскиот налредок, но пред се да ја создадеме можноста на една различна комуникација помеѓу бизнис заедницата и новинарите.
Минатата година беше тежок период за домашната економија, но беше и останува дури и за новинарите. Затоа ние како СКСЗМ решивме оваа средба на крајот на годината до го реализираме со новинарите. Со оваа сакаме да пренесаме јасна порака дека без слободно новинарство не можеме да имаме слободна економија, нитѕ здраво информирање ниту светла иднина.
“Нова година 2014, очекуваме да биде година на стабилизација на општа економија. Првите знаци веќе се гледат, но освен секторот на градежништвото, државата треба да им посвети посебно внимание и на другите сектори, затоа што само кога ќе имаме стабилизација на сите сектори, можеме да кажаме дека сме излезени од глобалната економска криза. „Посебна грижа треба да се истакне подобрување на патната инфраструктура, отворање на нови пазари, еднаков регионален развој и не концентрација на инвестициите само во некои одредени места. Исто така, повеќето важно е дека 2014-та та ја одбележува и првите инвестиции во Слободната економска зона на Тетово„ – рече г-дин. Мендерес Кучи.
Оваа активност се реализираше во рамките на проектот на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) за поддршка на стратегијата на СКСЗМ за раст на капацитетите на СКСЗМ и истиот е поддржан финансиски од оваа фондација.