Деловна средба со Претседателот на Република Северна Македонија
24.07.2019 – Денеска во просторите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија беше пречекан на работна средба Претседателот на Република Северна Македонија г.Стево Пендаровски.
Целта на денешната средба беше да се разговара за економските случувања и политики во земјата. Претседателот на СКСЗМ г.Неби Хоџа ја претстави комората и нејзините барања. Присутни на оваа средба беа компании членки на комората. СКСЗМ како комора е секогаш посветена кон градење на партнерство и соработка со државните институции, со цел на заедничко пречекорување на бариерите кои ги среќаваме на патот за развој на нашата земја. Реформските процеси и евроатланскиот пат како процеси беа и секогаш ќе бидат подржани од страна на СКСЗМ.
Ние како СКСЗМ, секогаш сме биле и ќе продолжиме да бидеме транспарентна комора на бизнис заедницата во Северна Македонија, преку покренување на проблемите со кои се соочува бизнис заедницата, но и нудење на решенија за истите проблеми. СКСЗМ делува во согласност со нејзините начела на функционирање, кои се:
- Транспарентност и отчетност;
- Рамномерен регионален развој;
- Напуштање на митот за ефтина работна сила;
- Намалување на невработеноста и создавање на среднорочна стратегија за одржлив економски развој; и
- Раст на БДП од над 4%, за постигнување на не само економски раст туку и економски развој.
Горенаведените начела претставуваат основа за постигнување на економски развој и благосостојба, како и постигнувањето на овие но и другите предложени мерки на ефикасен и ефективен начин е можно преку вклучување на бизнис заедницата во процесот на донесување на одлуки.
Оваа презентација на СКСЗМ, од страна на Претседателот на државата г.Пендаровски, беше поздравена на позитивен начин и оваа средба е чекор кон почетокот на соработката меѓу Комората и Претседателот на државата.