Деловна посета на саемот МОС во Целје
Од 12 до 18 Септември 2012 година, ќе се одржи 45-тиот саем MOS 2012 година. Овој саем е еден од најголемите саеми во Словенија, на кој само минатата година учествуваа 1672 компании од 36 различни земји во изложбен простор од 65 000 метри², и беше посетен од околу 137.158 посетители, од кои 15.087 од странство (Хрватска, Италија, Австрија, Србија, Германија, Русија, Индија, Босна и Херцеговина, Македонија, Швајцарија и други).
Овој саем е добра можност за развивање на соработката меѓу компаниите, можност која со години наназад ја користат државите како Хрватска, Србија, Австрија, Италија, Индија, Индонезија, Тајван и Катар, а за оваа година го најавија своето учество и Унгарија, Чешка и Тајланд.
Соработката со Македонија започна минатата година, каде што на поканата од саемот одговорија 59 компании од нашата земја, на кои што саемот им обезбеди превоз и бесплатен билети за саемот и сместување со многу прифатлива цена.
За сите заинтересирани компании од Македонија се отворија следните можности за посета на МОС 2012.
– Бесплатен автобуски превоз од Скопје до Целје и назад. Автобусот е на располагање за цело време додека трае посетата.
– Бесплатни влезници за саемот за секој ден.
– Организирани Б2Б средби со потенцијални заинтересирани компании од Словенија и други држави учеснички на МОС 2012.
– Хотелско сместување 30евра/ден-ноќевање-треба да си го покријат самите компании
– Можност и за разгледување и посета на некое околно место (како минатата година, тоа ќе биде договорено на лице место согласно интересот на фирмите)
– Понудена е можност за организирање на ДЕН НА МАКЕДОНИЈА на саемот (гастрономија, вино, клутурна програма, ракотворби и сл.)-зависи дали коморите и кластерите (преку нивните членки) ќе дадат поддршка за организирање на оваа промоција на нашата држава
– Средба со МК – СЛО- бизнис клубот од Љубљана кој ќе биде домаќин и на располагање за нашите претставници. Отворена е и можност и за членство во клубот и соработката што клубот може да ја понуди.
– Средба со Амбасадата и Амбасадорот на Р.Македонија во Словенија која е на располагање за секаква поддршка за нашите компании.
Времетраењето на посетата на саемот се договара помеѓу самите комори/кластери, како и денот на поаѓање и враќање(минатата година беа реализирани 3 дена).
За сите дополнителни информации контактирајте на: fatima.vela@oemvp.org
Comments are closed.