Делегација од Грција во СКСЗМ

Делегација од Грција, на чело со генералниот Секретар на МНР на Грција за меѓународни и економски односи, г. Иоанис Брахос, Амбасадорот на канцеларијата за врски на Грција во СРМ, г. Димитрис Јанакакис беа пречекани на работна средба во СКСЗМ, каде присутни беа претседателот г. Неби Хоџа, извршниот Директор г. Дрилон Исени како и други претставници од комората.

Овие работни средби се од големо значење имајќи предвид дека Грција и Северна Македонија ги надминаа многугодишните тешкотии преку добра волја и меѓусебна комуникација. На овој состанок беа разгледани начините на соработка помеѓу бизнисите на нашата држава и грчките бизниси. Со проширување на билатералните средби меѓу овие две држави може да се создадат силни економски односи како и во секоја друга сфера, што ќе влијае на благосостојбата на двете држави и економијата во целина.

СКСЗМ е секогаш отворена и подготвена да влијае на подобрување на условите за водење бизнис, со што им овозможува на бизнисите да можаат да соработуваат и да пристапаат во регионот и пошироко.