Делегација на СКСЗМ на саемот China Homelife во Турција
03 Јуни 2016 – Бизнис делегација составена од 35 компании членки и предводена од претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа, од 02 до 04 Јуни 2016 година ќе престојуваат во Истанбул, каде што ќе ги презентираат своите бизниси на посетителите заинтересирани за 3-иот China Homelife саем за кинески производи, посветен на компании заинтересирани за проширување на нивниот бизнис во други земји.
Овој саем е организирана во соработка со Меѓународниот саем Меориент-Кина и Меѓународниот саем Синерџи-Турција. На овој саем, се изложени повеќе од 700 изложувачи и 25.000 ексклузивни брендови со висок квалитет од Кина, квалификувани преку процесот на контрола на квалитетот. Секоја година, за време на саемот China Homelife се собираат повеќе од 15.000 професионални посетители од цела Турција и регионот на Евроазија, каде истотака присуствуваат и голем број компании кои имаат соработка со компании од Кина (увоз, извоз, дистрибутери, итн.)
За време на саемот компаниите ќе имаат средби со претставници на кинески компании кои изразија интерес да соработуваат со нашите компании. На саемот, домашните и странските компании ги промовираат своите бизниси и активности, со оглед на тоа дека кинескиот бизнис ја гледа Македонија како земја со голем потенцијал и капацитети за нова соработка во различни сектори на економијата.
Оценувајќи ја организацијата на саемот како добра можност за презентација на компаниите и нашата земја како земја со многу извори и олеснувачка фискална политика, компаниите покажаа интерес за зголемување на увозот на кинески производи, исто колку што Кина покажа потенцијал за производство и желба да ги зголеми кинеските инвестиции во регионот.
Токму овие активности, како овој саем се за да се зајакнат односите и интензивира соработката во сите области од заеднички интерес, што е одраз не само на позитивните движења во двете земји, туку создава и простор за уште поголемо зајакнување и проширување на оваа соработка во иднина.
Компаниите кои учествуваат на саемот од Македонија се: Оха Group, Даути Комерц, Арб Комерц, Гипс Имобилија Дизајн, Трим&Лум, Адријус, Де Јуре, Доника Плус, БИМ АД, WVP Резултати за управување, Еуро Хендл, Трикотажа-Антигона, Агро Ели, Благо Ѓорев , Caseficio Cesarina, Р-металика МЛ-Гари, Јус MБ, Омер компанија, Eуроактива, Мотиви груп, 21 Медиа груп и други.
Comments are closed.