Делегација на СКСЗМ во Дубаи-Експо – Комората ја промовира РСМ како атрактивна дестинација за странски инвестиции
СКСЗМ претставена од претседателот г-дин Неби Хоџа, беше дел од владината делегација на Дубаи-Експо за промовирање на можностите за странски инвестиции во нашата земја.
Тој исто така беше и панелист на Бизнис конференцијата во Дубаи-Експо, каде тема беше Странските инвестиции и бизнис климата во Република Северна Македонија.
Г-дин Хоџа зборуваше за ставовите и активностите на СКСЗМ во однос на привлекување и канализирање на странски инвестиции во РСМ. Тој истакна дека целта на Комората е преку професионализам и услуги да обезбеди поквалитетно деловно опкружување во земјата, а со тоа директно да им помогне на странските компании да се прилагодат на нашиот пазар.
СКСЗМ како легитимен застапник на интересите на бизнис заедницата ќе продолжи со професионализам и одлучност да помага во афирмирање на бизнисите кон европските и светските вредности.