Два милиона евра од ИПАРД за поддршка на производителите

  Објавен е шестиот јавен повик за маркетиншка поддршка на земјоделските производи во примарното производство и во преработувачките капацитети. Со јавниот повик се предвидени вкупно два милиона евра, а апликантите имаат можност да поднесуваат барања за кофинансирање инвестиции до крајот на месецов. Станува збор за набавка на трактори за примарно производство, како и опрема за преработка. Kорисници на поддршката се сите физички и правни лица запишани во регистарот на земјоделските стопанства. 

– Ова е континуитет на владините мерки за унапредување на земјоделството преку воведување нова опрема и механизација што овозможува поголеми приноси. Во тек и петтиот оглас за поддршка на извезено пакувано вино, преработен зеленчук извезен во стаклена амбалажа и на извезен ориз во пакување – вели Тони Димовски, директор на Платежната агенција. 

  Согласно јавниот повик, компаниите што го пласираат виното надвор од Македонија ќе добијат средства за покривање 20 отсто од трошоците за етикети, купување шишиња, тапи и ПВЦ-навлаки или максимум шест денари од шише, а преработувачите на зеленчук и овошје до два денара од тегла, за набавка на тегли, метален капак и етикети.

Заменик-министерот за земјоделство Зоран Kоњановски, посочи дека сите преработувачи што годинава оствариле поголем извоз отколку лани ќе користат поголема поддршка, до четири денари за тегла

Comments are closed.