Да го подобриме законот и полтиките за да овозможиме повеќе донации
Во рамките на проектот на УСАИД „Партнерство за донации“ кој го спроведува здружението Конект во партнерство со СКСЗМ, беше организирана панел дискусија на тема: Правната регулатива како поттик за филантропијата.
Целта на средбата беше преку дијалог да се дојде до најдобрите решенија за подобрување на законската регулатива и процедури за да се овозможат повеќе донации.
Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дрилон Исени истакна дека Комората преку проектот има за цел да создаде инфраструктура која ќе им овозможи на компаниите стратешки пристап и преку нивните донации вградување на нови вредности во општеството каде што дејствуваат.