“Даути-Комерц”- 30 години успех
Познатата компанија за дистрибуција на стоки за широка потрошувачка „Даути-Комерц“ ја одбележа 30-годишнината од основањето.
Основан пред 30 години во селото Бојане, „ Даути Комерц“, денес е моќен бизнис коангломерат, присутен во 4 балкански земји, со над 800 вработени, со добавувачи од 82 земји во светот и меѓу 50-те најмоќни компании во Северна Македонија.Сите човечки ресурси на компанијата се обединети со иста визија , принципи и вредности.
„Даути Комерц“ денес има софистицирани дистрибутивни центри во Сарај, Скопје, со простор од над 22.000 метри квадратни, во Тетово со 3.000 метри квадратни, во Струга со 1.500 метри квадратни, во Драч(Албанија) со 3.000 метри квадратни,во Феризај(Косово) со 15.000 метри квадратни и во Подгорица(Црна Гора) со 5.000 метри квадратни.Сестринската компанија „Даути транспорт-Шпед“, лоцирана во Северна Македонија и Албанија, располага со возен парк од 60 камиони и 11 канцеларии за шпедиција.
Сите овие дистрибутивни центри работат со современи меѓународни стандарди (ISO, HACCP, HALAL,итн.) и со најсовремена техника за унапредување, следење, складирање и транспортирање на стоки со широка потрошувачка, со единствена цел, да нема доцнења во синџирот на снабдување на клиентите.
Седиштето на целиот коангломерат Даути се наоѓа во Сарај,Скопје, со административен простор од 4.500 метри квадратни.
Стратегијата за покривање на целиот пазар со сите производи веќе подолго време ја спроведува менаџментот на „Даути-Комерци“. За таа цел, компанијата e организирана да овозможи корпоративно управување во согласност со нејзината стратегија и потребите на пазарот.