Даути Комерц ја проширува својата дејност во Црна Гора
13 Mај 2018 – Стопанската комора на Северозападна Македонија учествуваше на свеченото отворање на новиот објект на компанијата Даути Комерц во Туз (Подгорица, Црна Гора), инвестиција од 3,5 милиони евра за проширување на трговската мрежа и отворање нови работни места во овој регион.
Во своето обраќање, претседателот Неби Хоџа му честиташе на компанијата Даути Комерц за досегашните постигнувања , со кои се гордее Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.
Компанијата “Даути Комерц” во изминатите 26 години, благодарение на непреченото ангажирање и професионалниот пристап, стана не само една од најуспешните албански компании во Македонија, туку е и меѓу најистакнатите бизниси во земјите каде ја врши нејзината активност .
Оваа компанија стигнаа да обезбеди доминантна позиција со производите и брендовите кои ги претставува на пазарите каде што е присутна.Позната е со успешното поставување на некои домашни и меѓународни брендови како “Бекутан”, “Алкалоид” , “Дивела”, “Мегле” и други.